More

    Вистиномер: Според Националниот центар за метеорологија на Саудиска Арабија, видеото на кое се прикажува снег како паѓа во големата џамија во Мека, е дигитално изменето

    Според Националниот центар за метеорологија на Саудиска Арабија, видеото на кое се прикажува снег како паѓа во големата џамија во Мека, е дигитално изменето. Во твитот постиран на официјалната страница на Арабија временска прогноза, исто тала, се вели дека видеото насловено како: „Првпат снег во Мека” е технички изменето со филтри, велат од vistinomer.mk

    Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во којшто се споделува информација дека во Саудиска Арабија, во најголемото муслиманско верско светилиште во Мека, по 92 години заврнал снег. Веста и видеото се споделуваат на 1 јануари 2023 година.

    Во текстот пишува дека во Мека врне снег, што не се случило со децении. Написот потоа објаснува дека:

    Саудиска Арабија има пустинска клима со екстремно топли денови. Нема ни многу дождовни денови. Статистиката покажува дека најмногу дождови во текот на годината има долж брегот на Заливот, кој добива околу 300 мм (12 инчи) дожд годишно. Повеќето врнежи се случуваат за време на сезоната на монсуните во Индискиот Океан, од октомври до март. Саудиска Арабија, исто така, доживува големи песочни бури.

    Највисоката температура регистрирана во Саудиска Арабија била 54 ° C (129 ° F). Најниска температура беше -11 ° C (12 ° F) во Turaif во 1973 година.

    На крајот од текстот се додва: „А по 92 години денеска во Мека заврна снег“ и се споделува видеоматеријал од верници во Мека, а снимката делува како да паѓа снег.

    Меѓутоа, станува збор за дигитално изменето, монтирно видео кое прикажува како да имало снег. Проверувачите на факти Исламик информејшн објавија дека видеото е лажно.

    Интернетот е преплавен од видео на кое се гледа дека наводно паѓа снег во близина на Масџид ел Харам, исто така позната како големата џамија во Мека. Видеото е лажно. Температурата во џамијата достигнува до 50 степени целзиусови во лето. Видеото е изменето, а снегот исчезнува во одредени места. Причините за креирањето на ваквото лажно видео може да се финансиски, за внимание на социјалните мрежи или за да се придобијат следбеници, пишува страницата.

    И проверувачите на факти на Ројтерс пишуваат дека видеото е дигитално изменето.

    Видеото на кое се прикажува снег како паѓа во Саудиска Арабија во големата џамија во Мека, е дигитално изменето, според националниот центар за метеорологија на Кралството. Официјалниот портпарол на националниот центар за метеорологија, Хусаин Ал Кахтани на Твитер. напиша дека видеото е манипулирано.

    Видеото на кое се гледа дека паѓа снег во близина на џамијата не е вистинито и процесирано е со дополнителни ефекти.

    И во твитот постиран на официјалната страница на Арабија временска прогноза, (сајт за следење на временските услови) се вели дека циркулирачкото видео насловено како: „Првпат снег во Мека” е технички изменето видео со филтри, дека температурата во Мека достигнала 30 степени целзиусови и климатски услови не се подготвени за снег.

    И други проверувачи на факти дошле до истите заклучоци, дека видеото е дигитално изменето.

    Поради сите горенаведени факти, постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит. Видеото е дигитално изменето, снег не паѓал во најголемото муслиманско верско светилиште во Мека на 1 јануари оваа година.

     

    извор: vistinomer.mk

    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    scattered clouds
    -1.2 ° C
    -1.2 °
    -1.2 °
    59 %
    1.5kmh
    40 %
    Wed
    1 °
    Thu
    2 °
    Fri
    5 °
    Sat
    6 °
    Sun
    7 °
    spot_imgspot_img