Три лица повредени во синоќешната сообраќајка на патот Охрид -Струга

0
149

Три лица се повредени во сообраќајна незгода што доцна синоќа се случи меѓу товарно и патничко возило на магистралниот пат Охрид – Струга, во близина на бензинска пумпа.

Според очевидци, товарното возило било со албански национални ознаки и патничко моторно возило со охридски.

Повредените се пренесени во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид, од каде соопштија дека повредените се на опсервација и повеќе детали најавија за денеска.

Поради сообраќајката сообраќајот на патниот правец Охрид – Струга синоќа беше пренасочен по старата делница.