Евроамбасадорот Гир: Изјавата на Џамбаски за Пендаровски е неприфатлива

0
132

Евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир ја осуди вчерашната изјава на европратеникот Ангел Џамбаски велејќи дека таквите изјави се неприфатливи и не ги одразуваат вредностите на ЕУ.

Во врска со неодамнешните изјави на европратеникот Џамбаски за територијални претензии, амбасадорот Гир потсети дека и Европскиот парламент и бугарското МНР се оградија од овие изјави. Тој нагласува дека таквите тврдења не ја претставуваат и не можат да ја претставуваат ЕУ.

За вчерашните забелешки околу претседателот Пендаровски, кои може да се протолкуваат како закана, амбасадорот Гир нагласува дека тоа апсолутно не ја претставува позицијата на ЕУ. Тоа не ги одразува вредностите на кои е основана ЕУ. Неприфатливо е јавна личност да дава вакви забелешки за било кој, а камоли за демократски избран шеф на држава на суверена држава.

фото: Архива