Стојаноски до Ковачевски: Дали согласно Вашето видео автопатот Кичево – Охрид е готов и дали доколку не го завршите како што ветивте до крајот на 2023-та година Вие сте подготвен да поднесете оставка за таа Ваша лага

0
255

„Јас имам три пратенички прашања и сите три се до претседателот на Владата на Република Македонија. Почитуван претседател на Владата моето прво прашање е за насилството кое што го изврши градоначалникот на Крива Паланка пред неколку дена. целата јавност имаше можност да слушне и да види како градоначалникот во Крива Паланка во видна алкохолизирана состојба агресивно пред неговиот ресторан излегол и нападнал службено лице кое што во моментот не било на должност. Сашко Митовски му е името на овој градоначалник кој што пијан физички нападнал лице полициски службеник. И ова не е прв случај овој градоначалник да нападне граѓанин бидејќи пред неколку месеци истиот овој градоначалник нападна граѓанин во неговата канцеларија. Она кое што е важно и кое што треба да се нотира дека овој случај сепак го носи предзнакот на забошотување и досега нема јасен одговор дали е поднесена кривична пријава против овој насилник и што го дрзнало овој насилник да се почувствува толку моќен да излезе од сопствената кафеана во видна алкохолизирана состојба и да нападне полициски службеник со два шамари обидувајќи се да го понижи“, истакна  Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на собраниска седница за пратенички прашања.

Стојаноски додаде дека тука не завршува сценариото туку неколку дена подоцна градоначалникот на Крива Паланка вршел притисоци врз семејството на полицискиот службеник. Насилството стана белег на функционерите на СДСМ. Функционерите на СДСМ навредуваат, етикетираат, крадат, рекетираат и маваат шамари на секој кој што не мисли како нив.

„Прашањето ми е господине Ковачевски дали според Вас ваквото однесување е нормално? Дали според Вас вака треба да се однесува еден градоначалник кој што е избран од граѓаните да ги води? Дали ќе побарате од Сашко Митовски, градоначалникот на Крива Паланка да поднесе оставка за да не влијае на сведоците и да се заканува на семејството на недолжното момче кое што во сопствената униформа ја штити Република Македонија“, запраша Стојаноски.

Пратеникот рече дека неговото второ прашање се однесува на дрскиот и срамен однос на Владата кон медиумите. Она кое што Али Ахмети го направи Ковачевски само го продолжи. И ова не е прв случај да се служи Ковачевски со репресија и цензура кон медиумите кои што не мислат како власта. Пред само неколку недели на двајца новинари не им беше дозволено да присуствуваат на настан на кој што учествуваше Ковачевски.

„Господине Ковачевски моето второ прашање е следно дали уште стоите на овие ваши зборови“, запраша Стојаноски.

Стојаноски додаде дека неговото трето прашање се однесува градење патишта и потсети на изјава на еден пратеник која ја има дадено во 2020-тата година.

„Во 2020-тата година еден пратеник кој што е се уште во овој мандат дал ваква изјава – „Градиме 300 километри експресни патишта, градиме 900 километри локални патишта, рехалибитираме повеќе од 1.500 километри постојни патни правци. Изграден и пуштен во употреба автопатот Миладиновци – Штип, а Штип – Радовиш и Штип – Кочани ќе бидат комплетно предадени во употреба во следните неколку недели“. Ова е изјава дадена 2020-тата година“, потсети Стојаноски.

„Господине Ковачевски пред некое време на Вашиот фејсбук профил осамна едно видео каде што Вие се фалите со изградени 1.300 километри патишта. И сега логично се поставува тезата дали во 2020-та сте биле во право и тие лаги кои што сте ги кажувале тогаш се неправилни, или сега две години подоцна каде што километражата ви е намалена. И нормално тезата се јавува тука дали некој збир правите на активностите односно на километрите или како што ви текне односно по принципот кога се лаже, нека се лаже до крај. Она што е директно прашањето меѓу другите на тие видеа го имавте и автопатот Кичево – Охрид како завршен. А, трасата не вие пробиена секаде. Господине Ковачевски Вие сте должен на македонските граѓани да им одговорите следново, дали тие 1.300 километри се заедно со оние 500, па 600 километри автопат што ги ветивте пред изборите односно дали во овие изградени патишта ви се вашите предизборни ветувања? И директно прашањата кои што сакам да ви ги поставам, господине Ковачевски дали согласно Вашето видео автопатот е готов и дали доколку не го завршите како што ветивте на македонските граѓани до крајот на 2023-та година Вие сте подготвен да поднесете оставка за таа Ваша лага“, запраша Стојаноски.

извор: ВМРО ДПМНЕ