После бегството на Абдиовски од затворот Шутка да бевме нормална држава Сокол ќе поднесеше оставка или “на клоци“ ќе беше избркан од функцијата, велат од ВМРО ДПМНЕ

0
124

Нафи Абдиовски е лицето кое 12 дена е избеган од затворот Шутка кај што директорува Филип Андов Сокол. Она кое што е заедничко за овие двајца е што се членови на СДС со многу теренски активноси за партијата. Сокол е и поранешен советник на Заев, а Нефи Абдиовски кој освен што има дузина пријави е и лик од доверба на СДС бидејќи има заеднички фотографии и со Заев и со Груби и со Пендаровски, но и фотографии во премиерскиот кабинет во Влада. Очигледно овој бегалец од затворот кај што директорува Сокол имал и повластен третман, што веројатно му овозможило да го напушти затворот и да не ја долежи казната, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение на истото од партијата додаваат:

И замислете за ваков скандал нема никаква одговорност. Ниту Андов викан Сокол, ниту било кој друг не поднел оставка за овој случај. Да беше нормална држава, Сокол или ќе си поднесеше оставка или владата “на клоци“ ќе го избркаше од функцијата. Бегствата од затвор станаа секојдневие. Пред неколку недели имаше бегство од затворот Идризово од каде избега опасен криминалец кој дури и застрела затворски стражар. Исто така медиумите известија дека пред Нова Година е извршено убиство, а убиецот бил избеган затвореник од Идризово.

Криминалците наместо во затвор се на улица и затоа подземјето владее со државата. Но во една мафијашка држава која има криминална влада, не е ни чудо главен сојузник на функционерите да бидат криминалците.

Ова мора да престане, ова мора да се смени. Одоворност за ваквите скандали мора да има. Оваа криминална власт која дозволува криминалци и убијци слободно да шетаат на улица, мора да биде поразена и сменета.

извор: ВМРО ДПМНЕ