Дедо Наце од општина Илинден наполни 101 година, има 16 правнуци

0
176

Дедо Наце од село Бучинци во Општина Илинден наполни 101 година. Тој е најстариот жител во општината. Има 4 деца, 9 внуци, 16 правнуци и едно чукунвнуче.

Општина Илинден соопшти дека гадоначалникот Александаср Георгиевски денеска бил да го посети Наце Петрушевски, да му го честита роденденот, да му однесе подароци и да му посака добро здравје.

„Задоволство беше да слушнеме како дедо Наце раскажува за неговиот животен пат. Тој несебично сподели многи совети и искуства како да се доживее неговата возраст“, вели градоначалникот.

mkd.mk