Таравари купил куќа во Карпош за само 576 евра квадрат?

0
167

На социјалните мрежи се појавија документи од кои се гледа дека лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари купил семејна куќа во еден од поскапите делови на Скопје, општина Карпош за неверојатно ниска сума од 576 евра од квадрат. Во овој дел од Скопје цената на квадрат за стан е најмалку 1400 евра а за куќа дури и повисока.

Во твитот кој ги пренесува официјалните информации од сајтот на Државната Комисија за спречување на корупција Таравари добива директно прашање на кое се уште нема одговор:

Дали е реална цената, кога и од кого ја купил куќата г-дин Арбен Таравари?

Детали за куќата

Карпош, Скопје

Површина: 261м2

Цена: 150.475€

Квадрат: 576€

Стекнување со договор за купопродажба: /
———
Споредба во имотните листови на Арбен Таравари

Платата на лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари како градоначалник на Гостивар е околу 1000 евра.

извор: TWITTER