Новинарот Борјан Јовановски знае што би сакал Гоце Делчев – Гоце би сакал коските да му ги однесат во земја членка на ЕУ

0
331

Новинарот Борјан Јовановски знае што би сакал македонскиот револуционер Гоце Делчев, по чиј завет неговите коски почиваат во црквата Св Спас во Скопје.

-Гоце би сакал коските да му ги однесат во некоја пристојна земја членка на ЕУ каде што светот навистина се разбира како поле за културен натпревар…, напиша Јовановски на својот твитер профил.

Инаку народот се самоорганизира од 3 февруари со ноќна стража да го штити гробот на Гоце Делчев. И патриотскиот Институт од ВМРО ДПМНЕ и целото раководство на партијата  во пресрет на одбележување на родниот ден на македонскиот херој Гоце Делчев ќе организира херојска стража и ќе има целодневно присуство на гробот на Гоце Делчев, затоа што ГОЦЕ Е МАКЕДОНИЈА, истакна Александар Пандов денеска. Покрај ВМРО ДПМНЕ и Левица пред неколку денови објави дека официјално ја поддржува иницијативата за чување на гробот на Гоце Делчев почнувајќи од 3 февруари и продолжувајќи на 4 февруари.

 

фото: Архива