Поранешниот сопруг на Памела Андерсон оставил 10 милиони долари во тестаментот: „Секогаш ќе ја сакам“

0
154

ПАМЕЛА АНДЕРСОН во интервју за Variety се присети на нејзината улога во серијата Baywatch каде ја играше C.J. Паркер од 1992 до 1997 година. Актерката тврди дека од серијата не заработила „речиси ништо“. „Продуцентите на Baywatch направија богатство. Тогаш едноставно немав кој да ме претставува добро. Или знаење и искуство“, рече Памела.

По тие вести се јавил нејзиниот поранешен сопруг Џон Питерс, со кој во 2020 година беше во брак само 12 дена. Тој рече дека и оставил 10 милиони долари во тестаментот.

 

“Секогаш ќе ја сакам Памела. Всушност, и оставив 10 милиони долари во тестаментот. Таа не го знае тоа. Никој не го знае тоа. Ова ви го кажувам за прв пат. Веројатно не треба. Тоа е само за неа, ѝ требаше или не“, изјави тој за Variety.

Инаку, Памела изјави и за Variety дека тимот кој стои зад Baywatch од 2017 година побарал од неа бесплатно да глуми во филмот, а продуцентите, како што вели таа, постојано и се јавувале за учество во проектот.

 

“Беше страшно, ми рекоа дека сакаат да им направам услуга. Тоа беше малтретирање, сакаа да глумам бесплатно. Им реков: “Ајде луѓе. Мислам, навистина?”, изјави актерката? кој конечно се согласи на улогата. Таа се појави дури на крајот од филмот во забавена снимка, без никаков текст.

 

Да потсетиме, документарниот филм Love, Pamela наскоро ќе излезе на Нетфликс, а актерката ќе објави и автобиографија.

 

index.hr