More

    Стоилковски: Власта да не ги крие и да ги посочи со име кои се тие странски агентури кои влијаат на односите со Бугарија, да каже и кој ги финансира бугарските здруженија во Македонија

    Ако власта излегува со тврдење дека агентурни мрежи и странски пари се вклучени во креирањето тензии со Бугарија, бараме да не ги кријат и да ги посочат со име и презиме кои се тие агентурни мрежи и какво влијание прават. Бараме да се знаат и јавно да се идентификуваат за да граѓаните не подлегнуваат под нивно влијание, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес конференција.

    Како второ, Стоилковски посочи дека се бара финансиските институции да го следат текот на парите и да објават како се финансираат бугарските здруженија во Македонија.

    – Трето и многу важно за владата во Македонија е да побара од Бугарија доследно почитување на одлуките на Судот за човекови права во Стразбур. Четврто, власта да реагира на омаловажувачките и негаторски политики и изјави од бугарска страна, истакна Стоилковски.

    Стоилковски потенцира дека наместо измеќар и поданички однос, владата да има достоинствени позиции и однесување.

    извор: ВМРО ДПМНЕ

    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    light intensity drizzle
    13.8 ° C
    13.8 °
    13.8 °
    77 %
    1kmh
    100 %
    Tue
    14 °
    Wed
    16 °
    Thu
    18 °
    Fri
    20 °
    Sat
    21 °
    spot_imgspot_img