Милков: Пендиков останува во Софија, не е безбедно да се врати во Македонија

0
178

Имаме злосторства од омраза, навреди од омраза кои се прават секојдневно, а против Христијан Пендиков се прават додека е во болница. На телефон добивал закани и навреди поврзани со тоа затоа што се чувствува Бугарин, изјавил министерот за надворешни работи на Бугарија Николај Милков за бТв.

Тој додава дека охриѓанецот Пендиков останува во Бугарија бидејќи се смета дека не е безбедно да се врати.

– Кога ќе се добијат гаранции дека ќе биде безбеден, тогаш најверојатно ќе се врати, рекол Милков.

Според него, темата за односите со Бугарија е всушност прашање на внатрешна политичка дебата во Македонија.

– Во Бугарија во голема мера постои внатрешен консензус за тоа како треба да ги развиваме односите со нашиот сосед. Во оваа смисла, верувам дека ова прашање не е дел од внатрешната кампања и нема да биде, вклучително и во предизборната кампања. Барем не во никој случај до степен до кој тоа се случува во Македонија, каде едно од најострите прашања на конфронтација меѓу владејачката партија и опозицијата е токму односот со Бугарија, истакнал Милков.

Тој сепак признал дека во извесна смисла тоа може да се случи и кај нив.

– Признавам дека не може целосно да се отфрли до детали како точно треба да се градат нашите односи со РМ, но главно имаме консензус и во овој консензус е нашата сила, рекол бугарскиот министер.

 

извор: lokalno.mk