Автобус полн со млади фудбалери од Бразил се превртел во провалија од десетина метри

0
197

Автобус полн со млади фудбалери на фудбалскиот клуб Вила Мариа Хелена од Бразил се превртел во провалија од десетина метри.

Според информациите на бразилските медиуми, веќе се потврдени четири жртви, а 29 луѓе се повредени. Несреќата се случила на патот „BR-116“’на мостот над реката Анг.

Автобусот ги возел младите фудбалери до Дука де Касијас. Тројца од загинатите се млади, додека една е повозрасна личност. Телата се уште не се идентификувани, но познато е дека во моментот на несреќата во автобусот биле возачот, членовите на стручниот штаб и фудбалери на возраст од 14 до 17 години.

Младите фудбалери се враќале од турнир на кој го освоиле првото место.

 

 

plusinfo.mk