More

    Туркије минатата година ја посетија 44,6 милиони странски туристи

    Туркије привлече околу 44,6 милиони странски туристи во 2022 година, што е пораст од 80,3 отсто во однос на претходната година, покажуваат официјалните податоци објавени денес, јавува Агенција Анадолија (АА).

    Според податоците на турското Министерство за култура и туризам, бројката речиси го достигна нивото пред вирусот, 2019 година, кога бројот на странски туристи изнесуваше 45 милиони.

    Истанбул, најпопуларниот град во Туркије и најголем по население, најмногу ги привлече странските посетители, и пречека 16 милиони туристи.

    По Истанбул следува туристичкиот град Анталија со 12,8 милиони посетители, додека Едрене, град во северозападна Туркије што се граничи со Бугарија и Грција, пречека 4,6 милиони туристи.

    Германците со бројка од 5,7 милиони сочинуваат 12,7 отсто од сите посетители, потоа следуваат Русите со 5,2 милиони, Британците со 3,3 милиони, Бугарите со 2,9 милиони и Иранците со 2,3 милиони.

    Доколку на бројките се додадат и турските државјани кои живеат во странство, тогаш бројот за 2022 година ќе се искачи на 51,4 милиони, малку помалку од 51,9 милиони колку што беа во 2019 година.

    Само во декември, бројот на странски туристи во Туркије се зголеми за 26,8 отсто за разлика од истиот месец претходната година, достигнувајќи 2,4 милиони.

    Турскиот институт за статистика (TurkStat) објави дека Туркије минатата година остварила приход од 46,3 милијарди долари од туризмот. Просечните трошоци на еден турист во 2022 година изнесувале 901 американски долар.

    извор:Агенција Анадолија (АА).

    фото:Агенција Анадолија (АА).

    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    light intensity drizzle
    13.8 ° C
    13.8 °
    13.8 °
    77 %
    1kmh
    100 %
    Tue
    14 °
    Wed
    16 °
    Thu
    18 °
    Fri
    20 °
    Sat
    21 °
    spot_imgspot_img