Пендаровски, Ковачевски, Груби и Спасовски во сабота ќе се поклонат пред гробот на Гоце Делчев

0
158

Во сабота, на 4. февруари на денот на раѓањето на македонскиот великан, Гоце Делчев, свежо цвеќе на неговиот гроб ќе положат претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски.

Владата преку соопштение информираше дека дополнително, од владината делегација ќе присуствуваат и Артан Груби, Славјанка Петровска, Оливер Спасовски и Бисера Костадиновска – Стојческа.

Владата на Република Македонија Ве поканува на државниот свечен настан и одбележување по повод раѓањето на великанот на македонското револуционерно дело и државност, Гоце Делчев во сабота во црквата Св. Спас-Скопје. Во чест на 151 годишнина од раѓањето на Гоце Делчев, свежо цвеќе на вечното почивалиште ќе положи претседателот Стево Пендаровски, владина делегација предводена од претседателот на владата Димитар Ковачевски, придружуван од прв заменик на претседателот на владата задолжен за координација на политички прашања на ресорите Артан Груби, министерката за одбрана, Славјанка Петровска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска – се вели во поканата под Владата до медиумите за акредитација за следење на настанот.

фото: Архива