Онлајн петиција за одземање на бугарски пасоши на Македонци

0
273

Бугари, членови во социјалната група ,,Бугари од Македонија”, започнаа онлајн петиција со која бараат одземање на бугарско државјанство на лица од Македонија, кои ширеле омраза кон Бугарија.

Како што е наведено во петицијата, групата ги повикува сите владини и невладини организации да се приклучат кон петицијата, да им се одземе бугарското државјанство на граѓаните на Северна Македонија, кои денес ширеле омраза кон Бугарија.

 

Петицијата веќе има стотици потписи, а во коментари многумина порачаа дека треба јавно да бидат објавени имињата на сите од Македонија кои имаат бугарски пасоши, посебно ако помеѓу нив има и политичари.

-Ова е прашање за Реферндум, пишуваат голем број Бугари кои се членови во групата ,,Бугари од Македонија”, а чести се и коментарите да се објават имињата на Македонци кои со бугарски пасоши живеат во ЕУ.

-Ако им се одземат бугарските пасоши на Македонците кои живеат и работат во ЕУ, бидете сигурни дека тие самите ќе ја принудат својата Власт да го смени тонот кон Бугарија, и многу бргу ќе ги вметнат Бугарите во Уставот! – е еден од коментарите на темава.

Покрај тоа што петицијата за кратко време има многу потписи, исто така има и многу споделувања на социјалните мрежи.

 

 

24.mk