НУРЕДИНИ: Нашите напори вродија со плод – Европската комисија одобри дополнителна донација од 22,5 милиони евра за регионалниот систем за управување со отпад

0
134

После потпишувањето на Договорт за заем со Европската банка за обнова и развој со кој се обезбедија 55 милиони евра за развивање на регионалниот систем за управување со отпад, Европската комисија, во рамки на Инвестиционата рамка за Западен Балкан одобри дополнителни 22,5 милиони евра како инвестициска донација, информираше денеска министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.

“Ако се додадат и 9-те милиони евра што како донација  се обезбедени од Швајцарската влада, вкупната висина на обезбедените средства за воспоставување на регионалниот систем за управување со отпад во Полошкиот, Југозападниот, Пелагонискиот, Вардарскиот  и Југоисточниот плански регион изнесува над 87 милиони евра.

Регионалниот систем за управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион се финансира преку ИПА програмите и наскоро се очекува започнување на тендерската постапка,  додека за Скопскиот плански регион, исто така се обезбедени грант средства преку  европските ИПА фондови и проектот допрва треба почне“, истакна министерот.

извор: Влада