More

    Костовски: Општина Бутел мора да добие нова модерна Поликлиника, Владата не смее да биде пречка

    Општина Бутел мора да добие нова модерна Поликлиника, Владата не смее да биде пречка, порача денеска градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски.

    Беким Сали изјави: Модуларната амбуланта во Бутел е изградена на сомнителен начин.
    Истата е изградена од Владата и Министерството за здравство.
    Министер за здравство Беким Сали, ќе ве потсетам на една наша средба од неодамна. Ви понудив опција веднаш да се отстрани модуларната амбуланта во Бутел. Ви укажав дека јас како градоначалник на општина Бутел сум спремен да изградиме нова модерна Поликлиника, впрочем како што доликува на една урбана општина. Кога веќе Владата и министерството како надлежни не можат, јас како градоначалник сум подготвен на овој голем чекор.
    Вие ми посочивте дека немате против изградба на нова поликлиника, но дека за ваков чин ќе треба да поразговарате на повисоко ниво во Владата. Одговор од вас не добивме сѐ уште, иако од средбата помина повеќе од половина година.
    Кога веќе сте констатирале неправилности во изградбата на овие крајно небезбедни и недолични објекти, Ве охрабрувам да ги истражите деталите сѐ до финална завршница. Но, она што ми е поважно, овој пат јавно, повторно да Ве охрабрам, да ја отстраните модуларната амбуланта од Бутел. Јасна цел е ние како општина да изградиме нова модерна поликлиника каква што заслужуваат граѓаните.
    Да Ве потсетам дека доколку тоа не го направите Вие и оваа Влада, за многу скоро ќе го направи следната Влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. Но, не гледам зошто заради политички калкулации тоа да не го направите веднаш, нема потреба граѓаните да бидат оштетени и да губат време дополнително.
    Искрено се надевам на разумно решение, затоа што политиката не смее да биде пречка во остварување вакви важни проекти за граѓаните, порача тој.

    извор: ФБ Дарко Костовски

    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    few clouds
    10.8 ° C
    10.8 °
    10.8 °
    71 %
    0kmh
    20 %
    Mon
    14 °
    Tue
    16 °
    Wed
    15 °
    Thu
    17 °
    Fri
    19 °
    spot_imgspot_img