Медиуми не добија акредитации за одбележевувањето на роденденот на Делчев – МАН реагира на цензурата „Владата да престане да дискриминира!“

0
147

Македонската асоцијација на новинари МАН ја повикува владата да обезбеди непречени услови за работа на сите медиуми од Македонија на утрешното одбележување на роденденот на апостолот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев.

Известени сме од нашите членови дека на најмалку 10-тина независни и професионални новинари и фоторепортери им е одбиено барањето за акредитација за утрешното одбележување. Истовремено, не е одбиена акредитација на ниеден од провладините новинари и медиумите блиски до власта. Со ваквата дискриминација, владата ја загрозува слободата на информирање, што е Уставно загарантирана. Истовремено, го засилува притисокот врз медиумите и новинарите со обидите да ги цензурира преку забрани за присуство на јавни настани. Владата има рок до изутрина пред почетокот на настанот да ги одобри акредитациите на медиумите кои вечерва ги одбила и да престане со праксата на селективно одбирање подобни и неподобни медиуми според нивните партиски интереси. Македонската асоцијација на новинари МАН за последен пат ја опоменува владата дека ги помина сите црвени линии и пристојни начини за комуникација, велат од МАН.

Доцна попладнево, без образложение, меѓу останатите, одбиени се барањата за акредитација на новинарите и фоторепортерот од „Република“ и „Пресинг“.

извор: Република