(ФОТО) „Гоце е Македонија“ носат пароли граѓаните кои утрово се собираат на плоштадот пред зградата на ВМРО-ДПМНЕ и на плоштадот Македонија

0
187

Македонски знамња и пароли со „Гоце е Македонија“ носат граѓаните кои утрово се собираат на плоштадот пред зградата на ВМРО-ДПМНЕ и на плоштадот Македонија, од каде ќе се упатат кон црквата „Свети Спас“ за да оддадат почит пред гробот на Гоце Делчев по повод 151 година од неговото раѓање.

Дали ќе успеат да влезат е друго прашање.

Околу црквата и по целата должина на улиците кои водат до храмот, има засилено полициско обезбедување, а хеликоптери од рано утрово прелетуваат над градот.

 

republika.mk