БНТ: 14 бугарски државјани на црната листа за влез во Македонија

0
159

На списокот на македонското МВР на лица на кои денеска не би им бил дозволен влез во земјава се 14 бугарски државјани, јавува Бугарската национална телевизија. Во објавата на БНТ нема имиња.

Претходно, во изјава за агенцијата БТА, бугарскиот министер за внатрешни работи Иван Демерџиев обзнани дека има листа со бугарски државјани на кои нема да им биде дозволен влез, но рече дека таа листа не е голема.

Бугарската агенција Беспартиен.бг на својот фејсбук профил објави дека добиле забрана за влез во Македонија. Тие во прилог на информацијата објавија и документ издаден од македонското Министерство за внатрешни работи.

На граничниот премин „Деве Баир“, пак, каде падна системот за контрола и во моментот се работи на негово оспособување, беше тензично. Македонската полиција и Македонија беа пцуени и навредувани од групата предводена од претседателот на бугарската фонцдација „Македонија“ Виктор Стојанов, кој објави видео од инцидентот.

извор: Република