(ФОТО) Во Охрид поставена спомен плоча за 400 загинати српски војници

0
377

Во Охрид, кај местото каде денес стои само постаментот од споменикот кој во 1925 година бил изграден во спомен и сеќавање на загинатите над 400 српски регрути во Првата светска војна, поставена е табла на која пишува дека тука имало посменик на загинатите војници.

Војниците загинале во 1915 година, а споменикот Србија го изградила во 1925 година по проект на Момир Коруновиќ.

Денес на ова место стои само бетонски постамен, на кој стоел споменикот. Постаментот е нагризан од времето и денес воопшто не наликува дека бил дел од споменик.

Овој споменик е попишан и на списокот на српски споменици во Македонија кој го има изготвено спрската амбасада во Скопје и кој стои не официјалниот сајт на амбасадата, но таму е заведен под категорија „повеќе не постои“.

Споменикот бил изграден од Србите во 1925, а урнат бил од Бугарите во време на Втората светска војна, кога бугарските војски го окупирале Охрид.

извор: NEWS1.MK
фото: NEWS1.MK