АМСМ: Врнежи од снег се бележат на повеќе патни правци утрово но нема пречка за одвивање на сообраќајот

0
143

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат на патниот правец Страцин – Крива Паланка и во Делчево, а со среден интензитет на планинскиот превој Ѓавато , но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.

ФРЕКВЕНЦИЈА : Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.