(ФОТО) Ферари испаднало од лифт што ги носи автомобилите

0
210

Акцијата за спасување на Рома била завршена по околу четири часа, при што бил употребен камион со кран и макари.
Пожарникарите во округот Палм Бич, Флорида, на Фејсбук објавија фотографии од интервенцијата во салонот на Ферари. Што точно се случило?
Ферари Рома испаднала од лифтот што ги носи автомобилите на првиот кат и паднал во окното на лифтот. Како причина за несреќата се наведува некаков дефект, но засега тоа е само претпоставка на пожарникарите.
Доброто од несреќата е што никој не е повреден. Но, Ферарито вредно повеќе од 200.000 евра претрпело голема штета, особено на задниот дел од возилото, па се претпоставува дека ќе биде отпишан.
Кога пожарникарите пристигнале на местото на настанот, прво морале да го спречат истекувањето на бензинот бидејќи бил оштетен системот за довод на гориво. За да ја намалат опасноста од пожар ја исклучиле струјата во објектот.

Акцијата за спасување на Рома било завршена по околу четири часа, при што бил употребен камион со кран и макари.

 

ekran.mk