Почина поранешниот пакистански претседател Первез Мушараф

0
189

Поранешниот пакистански претседател, воениот лидер генерал Первез Мушараф, почина по долго боледување во болница во Обединетите Арапски Емирати, потврди денес неговото семејство. Тој имаше 69 години, јавува Анадолу.

Мушараф, кој владееше со јужноазиската држава од 1999 до 2008 година, беше на лекување во Американската болница во Дубаи, објавија локалните новински канали, цитирајќи дипломатски и извори од семејството.

Тој боледуваше од амилоидоза – ретка болест што предизвикува оштетување на органите.

Тој долго време беше врзан за кревет и во инвалидска количка, со незапирливо губење на тежината.

извор: Анадолу.

фото: Анадолу.