Пвро ја оштетил а потоа се обидел да ја запали куќата од својот татко

0
209

Четириесет и петгодишен човек од демирхисарско село е приведен откако прво ја оштетил, а потоа и се обидел да ја запали куќата на неговиот татко, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во 12.16 часот, полициски службеници од Полициската станица Демир Хисар го привеле Н.Г.(45) од демирхисарско село затоа што претходно со остар предмет оштетил дел од куќата на неговито татко во селото, по што се обидел да предизвика пожар.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава информира МВР.

fokus.mk