Започна официјалната посета: Претседателот Пендаровски ја пречека унгарската претседателка Каталин Новак

0
184

Претседателот Пендаровски и претседателката Новак одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на двете делегации.

Во фокусот на разговорите се севкупните билатерални односи меѓу Северна Македонија и Унгарија, партнерството во НАТО Алијансата, европската перспектива на Северна Македонија, состојбите во поширокиот регион, во контекст на војната во Украина, како и можностите за јакнење на економската соработка.

извор: Кабинет на претседател