Земјотрес во Туркије: Турските вооружени сили воспоставија воздушен коридор за помош

0
187

Турските вооружени сили воспоставија воздушен коридор за префрлање на тимовите за пребарување и спасување во регионот погоден од земјотресот во јужна Туркије, јавува Анадолу.

Министерот за одбрана Хулуси Акар во командата на 11. база на воздушниот сообраќај ги следи активностите кои се преземаат по земјотресот.

„Ги мобилизиравме нашите летала за да испратиме медицински тимови, тимови за пребарување и спасување и возила во регионот погоден од земјотресот. Ја максимизиравме подготвеноста на нашите авиони за да го обезбедиме неопходниот транспорт“, рече Акар.

Министерството за одбрана презеде активности за транспорт на тимовите за пребарување и спасување до подрачјето погодено од земјотресот.

Голем број транспортни авиони, меѓу кои транспортни авиони ТАФ А400м, превезуваат тимови за пребарување и спасување и возила во регионот. Во воздушниот коридор за помош учествуваат и амбулантните авиони.

Акар изјави дека и меѓу војниците има жртви во земјотресот.

„Вооружените сили продолжуваат да ги утврдуваат штетите и жртвите во своите редови. За жал, имаме тројца загинати и повредени“, рече тој.

Најмалку 284 лица загинаа, а 2.323 се повредени во десет турски области од силниот земјотрес што утрово ги погоди јужните делови на Туркије.

извор:Анадолу.

фото: Анадолу.