Мадинскиот репрезентативец Лука Станковски кој настапува за Газиантеп, добил два дена слободни и ја избегнал катастрофата доаѓајќи во Скопје

0
268

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Лука Станковски настапува за Газиантеп, клуб кој е од градот кој беше помеѓу најпогодените од силниот земјотрес во Турција.

Станковски за среќа за време на земјотресот бил во Скопје, откако добил два слободни дена од клубот.

„Завчера игравме натпревар во Анталија и веднаш по натпреварот добивме два слободни денови, голем дел од екипата остана во Антанталија, а само неколку играчи се вратија во Газиантеп. Јас се вратив во Скопје и за среќа ја избегнав катастрофата“.

Сите во клубот се добро, сепак ситуацијата во градот е лоша и засега не е познато кога ќе се вратат на тренинзите.

„Во контакт сум со луѓето од клубот и сите се добри, но ситуацијата во градот е многу лоша. Моментално аеродромот е затворен и чекам информации за што понатаму, но ќе биде одложено“, изјави Станковски.

 

slobodenpecat.mk