Телма: 40 обучени македонски спасувачи заминуваат за Турција во потрага по преживеани луѓе под урнатините

0
155

40-ина обучени и опремени спасувачи, ќе тргнат за Турција каде треба да помагаат во спасување на луѓе под урнатините.

Директорот на дирекцијата за заштита и спасување Беким Максути, во разговор за Телма, потврди дека тимовите за спасување денеска се организираат и со помош на останатите институции, забрзано се прават сите подготовки.

Очекува дека денеска ќе завршат со сите процедури, за да можат најдоцна утре да тргнат кон подрачјата погодени од разорниот земјотрес.

Максути испрати сочуство до Турција и турскиот народ.

извор: Телма