Радев го примил Пендиков, на фотографијата секретар на бугарскиот клуб изгледа доста закрепнат од тепањето – нема ниту една модринка

0
259

Бугарија веќе нема да толерира насилство од РСМ, изјавил претседателот Румен Радев, кој го прими тепаниот Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид.

Како што јавуваат повеќе бугарски медиуми,, Радев ваквиот став го искажал на средбата со Пендиков, кој во Охрид беше претепан наводно „поради бугарскиот идентитет“.

Радев ѝ честитал на мајката на Пендиков за тоа што „одгледала достоен син, а на Христијан за храброста да го одбрани своето бугарско име“.

Бугарија ќе ги користи сите национални и меѓународни инструменти за заштита на нивните права, рече Радев, а Софија ги информирала и меѓународните партнери за уште една антибугарска кампања во РСМ, се вели во соопштението на Кабинетот на Радев.

Институциите кај нашиот југозападен сосед мора со дела да докажат дека не се симпатизери на повеќегодишната омраза кон Бугарија, рече Радев.

Пендиков на фотографијата со претседателот на Бугарија Радев и потпретседателката Илијана Јотова изгледа видно закрепнат, нема ниту една модринка.

 

фото: news.bg/