АМСМ: Снег провејува на Стража и Мврово, во прекин сообраќајот на патот Скопје-Тнушевци поради наноси снег и ветар

0
117

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Снег провејува на Стража и Маврово.

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Во прекин е сообраќајот на патот Скопје – Танушевци поточно од с.Бродец кон с.Танушевци поради големи наноси од снег и ветер.

ФРЕКВЕНЦИЈА : Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.