Пратеникот кој гледа порно филм за време на седницата за Косово поднесе оставка

0
221

Пратеникот од редовите на социјалистите Звонимир Стевиќ поднесе оставка од функцијата откако на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како гледа порно филм за време на седницата за Косово, јавуваат белградските медиуми.

„Пред половина час дадов оставка од пратеничката функција. Не можам повеќе да зборувам, јавете ми се повторно за два часа“, кратко изјави Стевиќ.

Во понеделникот вечерта на социјалните мрежи беше објавено видео на кое се гледа како пратеник гледа видео со експлицитна содржина за време на дебатата за европскиот план за Косово. Инаку, Звонимир Стевиќ (66) е член на собраниската Комисија за Косово и Метохија и заменик член на Комисијата за уставни прашања и законодавство и заменик член на Комисијата за административно-буџетски и мандатно-имунитетни прашања.

 

фото: Архива