Приведени се вандалите кои ги искршија стаклата на македонскиот клуб Никола Вапцаров во Благоевград – двајца мажи и две жени

0
182

Приведени се вандалите кои ги искршија стаклата на македонскиот клуб Никола Вапцаров во Благоевград. Како што пренесуваат бугарските медиуми, приведени се четири лица – двајца мажи и две жени, сите на возраст од околу 40 години. Како што потврдиле од тамошното МВР сите признале и најверојатно против нив ќе има кривични за хулиганство. Повикувајќи се на извори од истрагата, бугарските медиуми пренесуваат дека се работи за две семејества од Благоевград. Во саботата биле на празнување на денот на виното во село Добрава. Биле празнично расположени, но и револтирани, како што пишуваат медиумите, поради тоа што утрината, на чествувањето на 4-ти февруари, бугарски државјани со часови чекале да влезат во Македонија, па го искршиле стаклото на македонскиот културен клуб, објави Канал 5.

Информацијата ни ја потврдија и основачите на клубот. Атанас Мазнев за Канал 5 вели дека очекува случајот да биде поскоро расчистен.

Текстот во целост на: Канал 5