Дољони: Земјотресите ја поместиле Турција за три метри

0
204

Претседателот на италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија, Карло Дољони, денеска изјави дека движењето на тектонските плочи кое го предизвикало земјотресот во Турција, ја поместило територијата на таа земја за три метри.

„Она што ние го нарекуваме Арапска плоча се помести за три метри во правец североисток-југозапад во однос на Анадолската плоча“, рече Дољони, додавајќи дека има поместување од три метри во должина од околу 160 километри“, пренесе „Дејли мејл“.

извор: slobodenpecat.mk