Добила матка од жив донор и по втор пат станала мајка

0
160

Челси е една од околу 70 жени ширум светот кои имаат направено трансплантација на матка, а по успешната операција успеала да роди две деца. Таа ја добила матката од жив донор – жена која до денес ѝ е пријателка.

Челси Јовановиќ била сигурна дека никогаш нема да стане мајка.

Таа била родена со синдром познат како MRKH поради кој нејзината матка не се развила целосно.

Но, сосема случајно, таа дознала за експериментална трансплантација на матка во клиника во САД и решила да се пријави.

„Ми беше навистина тешко да гледам како пријателките стапуваат во брак и имаат свои деца“, открива Челси за Today.

Апликацијата на Челси која живее во САД била прифатена, па во февруари 2020 година ѝ била направена трансплантација на матка.

Операцијата траела 12 часа, а донор била Шерил Урбан – жена која веќе имала две деца и само сакала да ѝ помогне на друга жена стане мајка.

 

crnobelo.mk