Дали е вистина дека хакерите бараат 490 милиони долари откуп за системот на ФЗО ?

0
215

Информацијата која вчера беше објавена на порталот мкд.мк , а која беше пренесена од повеќе медиуми е дека државата добила барање за откуп на податоците од базата на системот на Фондот за здравствено осигурување по цена од 20.000 биткоини, или преведено во пари откупот на системот на ФЗО би бил 490 милиони американски долари.

Цели 24 часа од како оваа информација проструи во медиумите никој од институциите официјално нити ја демантира, нити ја потврдува, а дел од јавноста изразува сомнежи дека сето ова е лага и дека институциите едноставно го пренасочуваат вниманието на народот од фактот дека државната каса е празна и нема пари.

ЗОШТО НИКОЈ НИКОГАШ НЕ ХАКИРА СИСТЕМ ЗА НАПЛАТА НА ПАРИ ?

Зошто никој во Македонија никогаш не хакира систем за наплата на пари од народот, со кои се полни буџетот туку секогаш се хакираат системи со кои државата плаќа кон народот ? Ова прашање вчера почна да се врти на социјалните мрежи.