(ФОТО) Претрес во Скопје, пронајдена дрога, приведен дилер

0
134

На 16.02.2023 во 21.10 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода В.Х.(41) од Скопје. При претрес во неговиот дом на подрачјето на Центар, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

извор: МВР