More

    Дефинирани се законските измени за купување на лекот „Трикафта”

    Членовите на работната група составена од стручни советници на премиерот, претставници на ФЗОРСМ, Министерството за здравство, од фармацевтската индустрија како и од Асоцијацијата за цистична фиброза, денеска ги дефинираа Предлог – законските одредби за набавка на сите лекови од овој тип, вклучително и лекот „Трикафта”.

    Откако експертите на денешниот состанокот ги образложија своите ставови во однос на Предлог – измените, брзо ги усогласија предлог одредбите за законот за лекови и медицински средства и за законот за здравствено осигурување, со што се прецизира видот на постапката која треба да се спроведува, врз основа на склучени посебни договори за набавка на лекот, а со кои ќе се обезбедат поповолни цени.

    Со ова државата ќе може преку директни преговори со производителот на лекот да ја набавува потребната терапија за пациентите кои боледуваат од цистична фиброза.

    извор: Влада

    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    clear sky
    6.8 ° C
    6.8 °
    6.8 °
    65 %
    1kmh
    0 %
    Thu
    10 °
    Fri
    19 °
    Sat
    22 °
    Sun
    15 °
    Mon
    9 °
    spot_imgspot_img