Home ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ Силен земјотрес повторно регистриран во Турција

Силен земјотрес повторно регистриран во Турција

0
175

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди централниот дел на Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт (EMSC).

Како што се наведува, епицентарот на земјотресот бил на 22 километри југозападно од Гоксун и 63 километри северозападно од Кахраманмарис, на длабочина од 10 километри.

Турција и Сирија беа погодени од два разорни земјотреси на 6 февруари, во кои загинаа повеќе од 50.000 луѓе.

lider.mk