Девојката од тетовско која го уби 16-годишното момче осудена на 10 години затвор

0
144

Девојката од тетовското село Рогле, обвинета дека лани 21 декември го убила 16-годишното момче Б.Х., е осудена на казна затвор за деца во траење од 10 години, објави Основниот суд Тетово. На обвинетата ѝ се судеше како на дете, бидејќи на денот кога го сторила убиството, сѐ уште не била полнолетна, односно имала 17 години.

Судскиот процес започна на десетти месецов и експресно заврши истиот ден, а пресудата Основниот суд Тетово ја објави попладнево.

Сега полнолетната девојка е осудена за „убиство на свиреп или подмолен начин“. Од Основниот суд Тетово не објавуваат повеќе детали од пресудата.

Девојката беше обвинета дека со тврд предмет го удрила момчето од Ново Село, по што го турнала во брзите води на реката Пена. Обвинителството тврдеше дека тинејџерката со умисла го убила момчето.

„По вербална расправија во автомобил кај местото Бањиче, таа со предмет го удрила момчето во главата неколкупати, нанесувајќи му тешки телесни повреди опасни по живот. Потоа го турнала во реката Пена, а телото на починатиот било пронајдено по течението на реката“, соопшти Обвинителството непосредно по трагичниот случај.

Потрагата по телото на убиеното момче траеше седум часа, а во неа беа вклучени тетовските пожарникари, полицајци и членови на семејството на настраданиот.

 

 

slobodenpecat.mk