Молдавски медиум пишува дека бил планиран атентат врз Бујар Османи во Тираспол минатиот месец

0
193

Мaкедонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи бил цел на напад за време на посетата на Молдавија во својство на претседавач со ОБСЕ, јавуваат молдавските медиуми“, објави информативната агенција на албански јазик „Журнал“.

„Журнал“ пренесува: Според пишувањето на медиумот „Реалитатеа“, бил испланиран напад врз Мисијата на ОБСЕ во Бендер, а експлозијата требало да се случи пред еден месец, на 14 февруари, кога претседавачот на ОБСЕ Бујар Османи бил во посета на овој регион.

„Реалитатеа“ пишува дека официјален Тираспол, кој е главен град на Транснистрија – регион отцепен од Молдавија, ја обвинил Службата за безбедност на Украина дека го испланирала нападот. Како што пишува овој информативен портал, било предвидено нападот да се изврши со автомобил, во кој бил поставен експлозив. Според тврдењето на надлежните, автомобилот требало да биде паркиран во близина на замокот Бендер.

Како што пишува во текстот на „Реалитатеа“, по спречувањето на оваа намера кај Бендер, делегацијата на Османи, која броела околу 20 луѓе, требало да биде нападната на патот за градот Кишинев, но тогаш сторителот се откажал од идејата да нападне за да не го изложи во опасност сопствениот живот.

 

извор: „Журнал“

фото: „Журнал“