Панова: ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандман сите вработени во органите на Министерството за финансии да бидат опфатени со покачувањето на платите

0
138

Протестите на вработените во Министерство за финансии и притисокот на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“ вродија со плод. Владејачкото мнозинство се откажа од налудничавата идеја – само вработените од еден сектор во Министерство за финансии да добијат 30% покачување на плата, истакна на денешната прес конференција Ели Панова од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение ја пренесуваме изјавата во целост:

По бурните реакции, парламентарното мнозинство прифати сите вработени во Министерство за финансии да добиваат повисоки плати. Жалиме што министерот ги повлече решенијата за повисоки плати на вработените и во изминатиот месец исплати плати под законски предвидените.

Законот за буџетите е резултат на консензуален договор меѓу сите парламентарни партии и многу добро знаеме дека заложбите на сите инволвирани беа за повисоки плати за овие дефицитарни кадри. Бројот на вработени кои заминуваат од министерството за финансии е алармантен. Во приватниот сектор, поточно во секторот финансиски дејности и дејности на осигурување, просечната месечна плата е околу 50 илјади денари, речиси двојно повеќе од таа што ја добиваат вработените во министерството во моментов.

Сепак, со вчерашната верзија на автентичното толкување власта ќе ги исклучи вработените во органите во состав на Министерството за финансии т.е. вработените во управата за имотно правни работи и административните службеници во другите институции. Заради ова, како пратеничка група, ќе поднесеме амандман на ваквото толкување, со кој ќе бараме и овие вработени да бидат опфатени со покачување, за да не бидат дискриминирани во однос на своите колеги.

Извор: ВМРО ДПМНЕ