Има ли голем број случаи на сериски убијци на Балканот? Пештерскиот човек што им сечеше по една града на своите женски жртви е еден од нив

0
154

Науката вели дека сериските убијци се осамени луѓе што не бараат друштво, а мотив им е вниманието што им го даваат медиумите.
Кога ќе се спомене терминот сериски убиец, првата реакција е дека кај нас, на Балканот, нема такви луѓе. Токму тоа е и заблудата. Изненадува фактот дека токму тука, на Балканот, има голем број случаи на сериски убијци што немилосрдно убивале, без трошка милост, страв и сочувство. Некои од нив дури оставиле голем белег во светски рамки, а се дел од криминалната историја на земјите од кои потекнуваат и каде што ги убивале своите жртви. Уште еден таков пример е Михаил Цветанов Лештарски, познат како убиецот од пештерата или пештерскиот човек, кој убил најмалку пет постари лица, објави novamakedonija.com.mk.

Роден во 1959 година, Лештарски е познат криминалец, крадец и сериски убиец во соседна Бугарија. Тој бил осуден на доживотна затворска казна за убиството на 59-годишната Елена Томова, во селото Владо Тричков во околината на Софија. Дополнително, тој е осомничен убиец за убиството на најмалку уште четири други пензионери од 2009 до 2011 година.
Лештарски имал проблематично детство, па се претпоставува дека токму затоа и започнал да убива. Неговиот татко Цветан работел како чувар, додека неговата мајка била домаќинка. Михаил бил немирно дете, кое не ги почитувало правилата, па како казна за лошото однесување, неговиот татко го врзувал за кревет, а храната што била наменета за него ја оставал на место каде што тој не можел да ја дофати. На тој начин неговиот татко го изгладнувал, додека неговата мајка никогаш не се ни трудела да го заштити или одбрани.
Како една од казните што неговиот татко ги спроведувал кога Михаил не бил мирен било и врзување за автомобил додека неговиот татко го управувал возилото. Често Михаил бил претепуван и со метален кабел додека не помодрела неговата кожа.
Не го завршил училиштето и постојано бил вмешан во разни помали кражби.
Тој бил и жртва на сексуално малтретирање од страна на повеќе лица одеднаш. За да ги избегне ќотекот и казните од татка си, Лештарски најчесто излегувал во вечерните часови на улиците, каде што ги ограбувал минувачите. Веќе на пет-шеснаесетгодишна возраст бил повикан да служи војска, па во своето родно село се враќал повремено.
Како последица на сообраќајна несреќа, по вина неговиот татко поради возење во алкохолизирана состојба, неговата мајка добила ментално нарушување, поради кое го обвинила Михаил за силување. За ова обвинение, Лештарски во 1993 година добил 18-годишна затворска казна. Поради добро однесување, Михаил бил пуштен од затвор по 12 години, во 2005 година. По ослободувањето, повторно се вратил на старото криминално хоби. Крадел и ограбувал богати луѓе. Во тој период запознал проститутка од Романија, во која силно се заљубил, но која по некое време го напуштила, повредувајќи го длабоко.
Од 2005 до 2008 година работел во хотел, каде што бил опишан како добар и вреден човек. Но еден ден, сосема случајно и без никаква претходна најава, тој се симнал во паркингот на хотелот, каде што ги искршил сите автомобили, по што избегал.
Чувствувајќи дека не може да се вклопи во општеството, започнал да живее во пештери на планини, каде што преживувал исклучиво јадејќи по неколку лажици мед и ловејќи животни. Кога не можел да залови плен, се хранел со живи лилјаци, кои успевал да ги фаќа прекуден. Тој бил одличен планинар, само за неколку дена успевал да помине 30 километри.
За период од четири месеци тој започнал да живее во потпокривот на неговиот поранешен соработник Стојан Младенов во Долна Кремена. Таму останал заканувајќи му се на Младенов дека ќе ги убие него и неговото семејство доколку кажат каде се наоѓа. За време на престојот правел дупки во ѕидовите за да гледа што се случува. Во една пригода успеал да го нападне својот поранешен колега и да ја силува неговата сопруга.

Лештарски е осомничен и за убиствата на полуслепиот пензионер Јордан Јолов и Владимир Тошовски. Јолов, кој бил на 82-годишна возраст, бил претепан до смрт и ограбен во неговиот дом во Старо Село, во јануари 2011 година, недалеку од местото каде што се криел Михаил по убивањето на Елена. Истиот месец, 75-годишниот Тошовски исто така бил ограбен во неговиот дом во Горна Кремена и иако на крадецот му понудил половина од пензијата, сепак бил претепан до смрт.
Убиство со слични последици му се товари на Михаил од јули 2007 година, кога 59-годишната Мариана Дандова била пронајдена задушена со пресечена града.
Постои сомнеж за уште повеќе убиства на постари лица извршени од Лештарски, бидејќи кога полицијата ја пребарувала пештерата во која тој се криел, пронашла 12 пара очила од непознати лица, за кои се претпоставува дека им припаѓаат на негови жртви.
Пред судските власти ги негирал обвиненијата, но се заканил дека во првата пригода кога ќе излезе од затвор, живи ќе одере пет лица.
Додека давал интервју за затворскиот психолог, тој признал уште две убиства. Првото во 1999 година, кога бил во алкохолизирана состојба и на смрт ја претепал сосетката без никаква причина, и уште една жена, меѓутоа одбил да ги каже датумот и локацијата.

Текстот во целост на: novamakedonija.com.mk.

фото: novamakedonija.com.mk.