Лефков: Повторно злоупотреба на „европското знаменце“ поради бизнис интереси на власта

0
136

По којзнае кој пат, владејачкото мнозинство на СДСМ и ДУИ го злоупотребува европското знаменце. Ова е нотирано и во извештаите од Европската унија и е посочено како не демократската пракса, но за жал, гледаме дека овие предупредувања не ги сваќаат доволно сериозно.

Овојпат предмет на злоупотреба е Законот за игрите на среќа, закон за кој нема никакво повикување на регулатива или директива која се транспонира во домашното законодавство, односно не се врши хармонизација на македонското законодавство со законодавството на Европската унија, истакна Миле Лефков од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение ја пренесуваме изјавата во целост:

За злоупотребата на европското знаменце за овој закон, упати јавно писмо со критики до Владата и австрискиот амбасадор.

Пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија има конзинстентен став дека секој закон треба да го помине филтерот на предметната комисија, а Комисијата за европски прашања да ја проверува усогласеноста на законите со европските директиви и регулативи.

Токму затоа, ќе бараме овој закон да се симне од дневен ред на денешната седница, а Собранието дополнително да ја преиспита употребата на ЕУ знамето за овој закон.

Дополнително, група свиркачи до ВМРО – ДПМНЕ изнесоа сериозни аргументи дека ваквото законско решение го има пишувано еден вицепремиер кој неколкукратно ќе го зголеми своето лично богатство доколку овој закон биде донесен.

Пред неколку месеци пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ спречи донесување на автентично толкување за формирање на паралелна државна видеолотарија, неуспешен процес кој се одвиваше под покровителство на Артан Груби, но изгледа дека клишето “криминалецот се враќа на местото на злосторот“, се применува…

На мала врата се обидува да ги протне истите измени, овојпат со злоупотреба на инструментот “европско знаменце“ но и да ги прошири, овојпат и уништувајќи ја конкуренцијата.

Инсистирањето на ДУИ да се донесе овој закон, ќе ни направи потенцијални проблеми со одредени земји членки на Европската унија поради еклатантното фаворизирање на одредени економски субјекти и поради злоупотреба на знамето на европската унија за непостоечко усогласување со што се поткопува интегритетот на Собранието, на ЕУ и нејзините вредности.

извор: ВМРО ДПМНЕ