(Фото) Синот на Сорос играше фудбал во канцеларијата на Артан Груби

0
121

Нов фудбалски меч изгледа се играл во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, со кое раководи Артан Груби. Спортувањето во кабинетот на министерот кога гости му беа останати функционери од ДУИ предизвика бура реакции минатата недела. Денеска тој објави фотографии како фудбал игра неговиот гостин Александар Сорос.

-Пријателски разговор околу актуелната политичка ситуација, европската перспектива на земјата и целиот регион со американскиот филантроп и Претседател на Фондацијата „Отворено општество“, г-дин Александар Сорос – напиша Груби.

фото: ФБ Артан Груби