More

    Општина Охрид ќе доделува по 5.000 денари за прво и второ дете, 8.000 за трето и 20.000 за првото новороденче во годината

    На 25. седница на Советот на Општина Охрид советниците ја усвоија Одлуката за донесување Правилник за критериумите и постапка за доделување еднократна парична помош на физички лица за:

    Лекување во земјата и странство од 3 000 ден. до 30 000 ден.
    Настрадани од елементарни непогоди (пожари, поплави, земјотреси) до 30 000 ден.
    Новороденче прво и второ по 5 000 ден, трето 8 000 ден.
    Прво новороденче во тековната година во Охрид – 20 000 ден.
    Социјални пакети со прехранбени продукти и средства за одржување на хигиена.
    Новина со оваа одлука е тоа што за прв пат се одвојуваат средства за трето дете. Минатата година се донесе одлука да се даваат пари и за второ дете, што значи дека со доаѓањето на новата локална власт се исплаќаат средства за второ и трето дете, откако претходно било само за прво.

    За лекување претходно се издвојувале најмногу до 9.000 денари, а сега тој износ се зголемува до 30.000.

    Новина е и тоа што се зголемува износот за првото новороденче во тековната година, и сега ќе се даваат 20.000 денари.

     

    Фото: Архива

    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    clear sky
    6.8 ° C
    6.8 °
    6.8 °
    65 %
    1kmh
    0 %
    Thu
    10 °
    Fri
    19 °
    Sat
    22 °
    Sun
    15 °
    Mon
    9 °
    spot_imgspot_img