More

    Камионот што излета кај Тетово и заврши во дворот на полициската станица, го управувал 35 годишен возач од Црна Гора

    Државјанин на Црна Гора е повредениот возач кој излета од автопатот Гостивар-Тетово, ја скрши заштитната ограда и заврши во дворот на тетовската сообраќајна полиција, информира СВР Тетово по увидот. Утврден е и идентитетот на возачот кој поради повредите е хоспитализиран во Клиничка болница Тетово.

    Црногорскиот државјанин Љ.Д.(35), управувајќи товарно моторно возило „волво“ со приколка со црногорски регистарски ознаки, сопственост на ЈП „Подгорица“, на автопатот Скопје – Тетово, изгубил контрола по што удрил во банкината од автопатот. По несреќата, возачот е пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош. На местото на несреќата увид врши екипа на СВР Тетово, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

    За да биде извлечен од кабината на камионот интервенираше и тетовската пожарна.

    фото: Република

    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    clear sky
    18.8 ° C
    18.8 °
    18.8 °
    24 %
    0.5kmh
    0 %
    Thu
    19 °
    Fri
    19 °
    Sat
    22 °
    Sun
    16 °
    Mon
    11 °
    spot_imgspot_img