(ФОТО) Охрид презентиран пред 50-тина младинци, асистенти на граѓански организации и градоначалници на општините од пелагонискиот регион

0
107
Начинот на формирање и функционирање на Младинскиот центар во Охрид денеска беше презентиран пред 50-тина младинци, асистенти на граѓански организации и градоначалници на општините од пелагонискиот регион. Оваа студиска посета беше организирана во рамки на Семинарот за младинско учество и младински политики како дел од проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија 2“.
Во името на охридската Локална самоуправа пред гостите се обрати заменик-градоначалникот на Општина Охрид, Перчо Божиновски истакнувајќи дека политиките кои ги спроведуваме во насока на подобрување на условите за младите прераснаа во еден позитивен пример за поширокиот регион и се основна причина за денешната студиска посета.
Воспоставувањето и официјалното отворање на Младинскиот центар во Охрид беше сложен процес на кој бевме особено посветени. Благодарение на сите напори и низа административни процедури, Охрид по долги години и десетици празни ветувања, конечно доби функционален Младински центар по сите стандарди.
Целта на Младинскиот центар е да им овозможи на младите да ги унапредуваат своите знаења и да го зголемат своето учество во процесите на донесување одлуки вообразовните институции и локалната заедница.
Младинскиот центар спроведува активности и мерки за развивање на креативниот потенцијал на младите, а подготвува и реализира активности за промоција на талентираните уметници.
Овозможивме современ простор каде што се спроведува системска поддршка на личниот развој на младите луѓе и нивното активно вклучување во животот во заедницата преку неформално образование, забавни и волонтерски активности, информирање, менторство и советување.
Иднината на една општина, на еден регион, на една држава е во младите генерации. Тие треба да бидат најважните носители на позитивните промени и се значаен ресурс за напредок и развој. Токму поради тоа мораме да градиме вистинско партнерство и да воспоставиме поголема соработка со младите.
Мораме да го вреднуваме нивното мислење, бидејќи тоа е единствениот начин преку кој можеме да се осигураме дека нашите политики се исправни и се во вистинска насока.
Општина Охрид секогаш ќе биде подготвена да ги сподели сите досегашни искуства и практики во делот на креирањето на младинските програми и ќе биде отворена за соработка.
Се надеваме дека сите заедно, преку заеднички напори ќе го спречиме иселувањето и ќе овозможиме младите генерации да ја гледаат својата иднина во своето родно место и во нашата Македонија.