More

    Петрушевски: Искусни медицински сестри од болницата во Куманово набркани на улица за на нивно место да се вработат кадри на ДУИ

    Линк од ФБ објава на Бране Петрушевски, пратеник:

    ДУИзација на Куманово!

    Четири искусни медицински сестри набркани од работа само затоа што се Македонки.

    Имено, во Здравствениот дом во Куманово се распишал оглас за вработување на 10 медицински сестри на неопределено. Локалните СДС и ДУИ се договориле 6 вработувања да бидат нови од ДУИ, а 4 од СДС, кои веќе 4 години работеле таму по договор.

    Директорот, поставен од ДУИ си ги вработува сите 10 од ДУИ, според мои извори, со поделени 10 веќе решени тестови на тестирање, затоа што сметал дека сите 10 вработени треба да се Албанки.

    По овој настан, претседателот на ОО на СДС Тушевски доблесно си дал оставка, а пратеникот Костовски се крие и никаде го нема.

    Сега нови и неискусни медицински сестри ќе ги вакцинираат децата и ќе вршат домашна посета, додека искусните ќе седат дома без работа, само затоа што не се од ДУИ.

    Ги повикувам надлежните институции да го испитаат овој случај, да се поништи огласот и да се вработат стручни, квалитетни и искусни медицински сестри во Здравствениот дом Куманово.

    извор: ФБ Бране Петрушевски

    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    clear sky
    6.8 ° C
    6.8 °
    6.8 °
    65 %
    1kmh
    0 %
    Thu
    10 °
    Fri
    19 °
    Sat
    22 °
    Sun
    15 °
    Mon
    9 °
    spot_imgspot_img