Момче и девојка загинаа на Копаоник

0
177

Драган В.(39) од Александровац и Ирена Р.(35) од Нови Сад загина на Копаоник кога удриле во дрво и се превртеле.Тие починаа кога нивните моторни санки се забиле.

Трагедијата се случила доцна навечер во саботата, околу 23 часот, а малку пред тоа се запознале во кафуле.

Ирена била во кафуле со друга девојка, а таму бил и Драган со своето друштво. Тие не се познаваа и се забавуваа одделно. Сите уживаа во друштвото и убавата атмосфера до затворањето на кафулето. Тогаш девојките прашале дали некој може да ги вози до подножјето на планината, односно до сместувањето. Драган и уште еден дечко се понудиле, бидејќи имале санка. Ирена седна со Драган на моторна санка и се случи тоа што се случи – објаснува соговорникот.